Што е Випасана медитација?

Випасана значи увид - да се согледаат работите онакви какви што навистина се. Оваа техника со потекло од Индија е една од најстарите техники на медитации од истокот. Со неа се служел Гаутам Буда пред повеќе од 2500 години и ја подучувал како универзално решение за универзални проблеми - уметност на живеењето. Оние кои не се запознаени со Випасана медитацијата, може да го погледнат видеото Вовед во Випасана од Г-н Гоенка.

Како да ја научите техниката?

Техниката на Випасана медитацијата се предава за време на десетодневен резиденцијален курс во текот на кој учесниците ги учат основите на методот, и ја практикуваат во доволна мера да ги искусат нејзините корисни резултати.Не е потребно претходно искуство на медитација. По разгледувањето на Кодексот на дисциплина за Випасана курсевите и по проверувањето на распоредот на курсеви, вие можете да се пријавите на курс.

Каде да ја научите техниката?

Во Македонија, првиот Випасана курс ќе се одржи во април 2011. Информации за точниот датум, локација и како може да се пријавите може да се најдат страницата курсеви. Ве молиме посетете не повторно за ажурирани информации или испратете мејл на info@mk.dhamma.org. За информации за курсеви и во другите делови на светот, посетете ја страницата www.dhamma.org.

Финансирање на курсевите

Курсевите се организираат единствено врз основа на донации. За курсевите не се наплаќа, дури ни да се покријат трошоците за исхрана и сместување. Сите трошоци се покриени со донации од оние кои претходно го завршиле курсот, ги искусиле придобивките од Випасана и кои сакаат да им ја овозможат и на други истата можност. Ниту учителот ниту помошниците на учителите не добиваат финансиски надоместок; тие и оние кои ги организираат курсевите го волонтираат своето време.