Курсеви

Здружението ВИПАССАНА организира 1-дневни, 3-дневни и 10-дневни курсеви.

10-дневните курсеви се отворени за секој кој сака да ја научи техниката на випассана медитација, што значи и за оние кои никогаш претходно не медитирале. Додека другите курсеви (1-дневните и 3-дневните) се наменети само за стари студенти - оние медитанти кои имаат завршено барем еден 10-дневен курс со С. Н. Гоенка или со еден од неговите помошници учители.

10-дневните курсеви се одржуваат на српски и англиски јазик, додека другите курсеви се само на англиски јазик.

За информации за датумите и локациите на курсевите во С. Македонија, ве молиме посетете ја страницата за Распоред на курсеви. За информации за курсеви во други делови на светот, ве молиме посетете ја страницата www.dhamma.org.

10 дневен курс

Ова е воведен курс за випассана медитација каде техниката се учи чекор-по-чекор секој ден. Курсевите започнуваат на нултиот ден непосредно после периодот на регистрација од 14:00 до 16:00 часот и ориентација во просторот. Потоа следуваат 10 целосни денови медитација а се завршува утрото на 11-тиот ден до 7:30 часот.

Како да аплицирате

Аплицирајте порано. Ве молиме имајте предвид дека курсевите во повеќето центри за медитација випасана се полни 1-2 месеци однапред. Ве охрабруваме да аплицирате порано за да имате доволно време за да го испланирате патувањето откако ќе се регистрирате.

  • Прочитајте го Воведот во техникатаза да се запознаете со практиката пред да пристигнете.
  • Внимателно прочитајте ја страницата Кодекс на дисциплина, бидејќи од вас ќе се бара да го применувате за време на вашиот курс.
  • Прегледајте ја листата на претстојни курсеви и изберете курс што се вклопува во вашиот распоред. Ве молиме имајте предвид дека се очекува да пристигнете помеѓу 14:00 и 16:00 на денот на започнување на курсот и се очекува да останете до завршување на курсот, што е приближно 07:00 часот на последниот ден од курсот.
  • Целосно и детално пополнете ги сите делови од формуларот за апликација и поднесете го. Можете да пополните формулар онлајнили можете да преземете, испечатите и испратите и хартиена форма.
  • Откако ќе ја поднесете вашата апликација, ќе добиете е-пошта со која ќе се потврди дека вашата апликација е примена. Ве молиме имајте предвид дека оваа прва е-пошта не е потврда дека сте прифатени на курсот.
  • Почекајте известување дали сте примени на курсот. Целата кореспонденција ќе биде преку е-пошта доколку дадете адреса на е-пошта во вашата апликација. Поради големиот обем на апликации, може да помине и до еден месец пред да добиете известување.
  • Откако ќе бидете примени на курсот, ќе добиете е-пошта со барање да го потврдите вашето присуство. Ве молиме погрижете се веднаш да потврдите за да го резервирате вашето место. Ако не ја добиеме вашата потврда, вашето место ќе биде дадено на друг студент од листата на чекање.
  • Ако изберете да испратите хартиена апликација преку пошта, вашата апликација ќе биде прифатена по редоследот како што е примена (ве молиме запомнете дека за апликациите што се испраќаат по пошта е потребно многу подолго време да стигнат од апликациите што се испраќаат по електронски пат). Ве молиме наведете адреса на е-пошта во вашата апликација за да можеме да ви одговориме навреме.
  • Некои центри дозволуваат регистрација преку телефон или само преку е-пошта. Ве молиме контактирајте директно со центарот за повеќе информации.

Курсеви во Европа и во остатокот од светот

Во Европа има деветнаесет центри за випассана медитација: во Полска, Русија, Литванија, Шведска, Англија (4), Италија, Шпанија (2), Австрија, Белгија, Франција (3), Германија, Холандија и Швајцарија каде што курсевите се одржуваат редовно двапати месечно. Во некои други Европски земји, каде што нема центри, како во С. Македонија, курсевите се организираат на изнајмени локации. Без разлика во која земја во светот се организираат курсевите, сите тие изгледаат исто, ги следат истите правила и се изведуваат на англиски и на мајчин јазик на земјата во која се одржува курсот.